Томовски со „сто раце“ – двоцифрен број одбрани, Битигхајм и натаму без пораз!

Тимот на Битигхајм, каде што брани македонскиот репрезентативец Мартин Томовски, продолжува со серијата без пораз во Втората Бундес лигата, откако одигра реми кај Нордхорн, 27-27.

Иако Битигхајм губеше со пет гола во текот на натпреварот, сепак успеа да се врати во мечот, водеше на крајот со плус два, 27-25, но не издржа и домашниот тим стигна до реми.

Томовски одново беше меѓу најзабележителните поединци во тимот на Битигхајм и успеа да одбрани десет удари на домаќинот, со 33% успешност.

Битигхајм е втор на табелата со осум погодоци, а следен предизвик за Томовски и неговиот тим ќе биде дуелот со екс клубот на Македонецот, Лудвигсхафен.