Тимот на Потсдам, каде што брани Мартин Томовски, ја запиша третата победа во сезоната во Бундес лигата.
Потсдам, предводен од голманското дуо Томовски-Ферјан и стрелецот на победничкиот гол, Орлов, го победи Хановер на гости со 27-26.
Томовски бранеше во првиот дел од натпревар и успеа да одбрани шест удари на противниците со 32% на успешност.
Потсдам ќе испадне од најсилната конкуренција во Германија, но му ги расипа сметките на Хановер во битката за Лигата на Европа и го симна на шестото место.