Од денеска македонската репрезентација работи во комплетен состав, откако на тренинзите се приклучи голманот на германскиот Битигхајм, Мартин Томовски.
Чуварот на мрежата имаше клупски обврски до крајот на 2025 година, па затоа од денеска му се стави на располагање на селекторот Кирил Лазаров.
Македонија досега одработи еден пријателски натпревар со Хрватска, а следуваат уште три против Бахреин, Украина и Швајцарија пред Европското првенство.
Освен проблемите со повредата на Валентин Карасманакис и дополнителниот повик на Никола Маркоски, Лазаров немаше други грижи пред континенталниот собир.
Првиот натпревар на ЕП на Македонија ќе се игра на 16 јануари против Данска, на 18 јануари е пресметката со Португалија, а на 20 ќе играме против Романија.

























