Томовски „пуштен на најјако“ – нов блесок за нова победа на Битигхајм

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски втор натпревар по ред е меѓу најзаслужните за триумф на Битигхајм.

Неговиот клуб славеше против Либек со 33-30, иако на полувремето губеше со 17-16, а и на стартот на вториот дел ја одржуваше разликата.

Но по 24-23 за Либек, на сцена стапи Томовски, кој постигна и погодок за 26-24, а до крајот мечот го заврши со 11 интервенции.

Тоа го направи со процент на успешност од 41%, што го прави одново кандидат за голман на колото во Втората Бундес лига.