Томовски не можеше сам против поранешниот клуб

Тимот на Битигхајм, каде што брани македонскиот репрезентативец Мартин Томовски, загуби во натпреварот од 16 коло во Втората Бундес лига.

Битигхајм беше поразен од поранешниот клуб на Томовски, Потсдам, и загуби со 28-21, но Македонецот одново беше на ниво на задачата.

Нашиот репрезентативен чувар на мрежата успеа да одбрани 12 удари на противничките ракометари и имаше 30% успешност.

Битигхајм има 26 бода, но сега го дели на првот со Балинген и Елбфлоренц, а во последното коло за оваа година, Томовски и неговиот клуб го пречекуваат токму Балинген.