Томовски маестрален против големиот Кил!

Македонскиот репрезентативец Мартин Томовски продолжува со одличните партии во силната Бундес лига.

Тој запиша 13 интервенции на мечот меѓу неговиот Потсдам и големиот Кил, кој го добија „зебрите“ со 25-22.

Аутсајдерот долго време беше во егал, најмногу по заслуги на македонскиот чувар на мрежата, но не можеше да дојде до сензација.

Томовски имаше одлични 35% успешност на одбранети удари, но тоа не беше доволно против „зебрите“.

Тој на крајот на сезоната заминува од Потсдам и ќе има нов предизвик во кариерата.