Томовски ќе добие нов тренер, Битигхајм го избра наследникот на Ромеро

Тимот на Битигхајм, каде што игра Мартин Томовски, го промовираше својот нов шеф на стручен штаб – Хартмут Мајерхофер.

Тој од идното лето ќе го наследи на клупата шпанскиот стратег Икер Ромеро, кој по завршувањето на сезоната целосно ќе се посвети на австриската репрезентација.

Мајерхофер, 56-годишен тренер, потпиша договор на две сезони и ќе остане во клубот најмалку до 2028 година.

Ова е камбек за стратегот во Битигхајм, каде што работеше од 2013 до 2018 година, потоа го водеше Гепинген четири сезони, а беше предводник и на Ерланген.

Томовски потпиша договор со Битигхајм до 2027 година.