Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски од ова лето се враќа во Бундес лигата и ќе брани за тимот на Потсдам.
Своето официјално деби за новиот клуб, Томовски ќе го има кон крајот на месец август, иако претходно ќе игра и на пријателските натрпевари.
Првиот официјален натпревар во дресот на Потсдам треба да му биде натпреварот од првата рунда во Купот на Германија против второлигашот Емпор Рошток.
Ако го победи Рошток, Потсдам оди во второто коло каде се прклучуваат сите останати бундеслигаши, а ќе се игра на 1/2/3 октомври.
Осминафиналето е на 13/14 ноември, четвртфиналето кон крајот на декември, додека Ф4 турнирот во германскиот Куп ќе се игра на 12/13 април во „Ланксес Арена“ во Келн.