Голманот Мартин Томовски е единствениот интернационалец во македонската репрезентација, а со одлични партии во Германија се наметна и кај селекторот Кирил Лазаров.
Томовски го најави првиот меч со Данска и вели дека тој и соиграчите ќе дадат се од себе за да го направат среќен македонскиот народ.
„Ќе биде навистина предизвик да се игра во Данска, особено против домаќинот. Данска е број еден во последните години, така што можеме само да уживаме во ова натпреварување и да го дадеме најдоброто од себе за да ја направиме нашата земја среќна. Во последните години македонската лига станува се подобра, така што имаме многу играчи кои играат во Лигата на шампионите. Не само во последните години, тие играа и претходно, и јас играв во Лигата на шампионите со Вардар. Сето тоа може само да ни помогне во репрезентацијата, со искуството на Лазаров најпрво како играч, а сега како тренер. Можеме само да создадеме одлична атмосфера и да уживаме во сè што се случува на теренот. Знам дека сакаме да постигнеме повеќе, да одиме во следната рунда, но ќе одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар, и ќе се надеваме на најдоброто“, изјави Томовски.
Првиот меч Македонија го игра на 16 јануари против домаќинот Данска од 20:30 часот.
























