Тимот на Битигхајм, каде што брани македонскиот репрезентативец Мартин Томовски, имаше перфектен крај на 2025 година.
Битигхајм славеше над директниот конкурент за влез во елитата, Балинген, со 32-27 во натпреварот од 17 коло.
Македонскиот чувар на мрежата бранеше во текот на целиот натпревар и успеа да одбрани десет удари на противниците, од кои еден беше пенал.
Сега Битигхајм е на врвот на табелата со 28 бодови, исто толку има и Елбфлоренц, додека трет е Балинген со 26.
Томовски сега ги заврши обврските со клубот за годинава и на 2 јануари ќе му се приклучи на националниот тим во подготовките за ЕП.
























