Томовски херој – одбрани 15 удари и го спаси Битигхајм!

Македонскиот репрезентативец Мартин Томовски го спаси составот на Битигхајм од пораз на гостински терен кај Либек.

Битигхајм успеа да извлече бод и да остане непоразен, 27-27, откако претходно пропушти напад, кој лесно можеше да биде победнички.

Томовски одново беше на врвно ниво, успеа да одбрани 15 удари на противничките ракометари, од нив три беа пенали.

Битигхајм по три кола има пет бодови во Втората Бундес лига и се наоѓа на лидерската позиција, а во следното коло го пречекува Кобург на домашен терен.