Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше уште една одлична партија во Втората Бундес лига во дресот на Битигхајм.
Неговиот тим славеше на незгодното гостување кај Крефелд со убедливи 32-19 во натпревар од 11 коло.
Томовски имаше дури 20 одбрани и 51% успешност на одбранети удари, од кои два беа удари од седум метри.
Македонецот и натаму е најдобар голман во Втората Бундес лига и неговата одлична форма продолжува и понатаму.
Битигхајм е втор на табелата со 18 бодови, а следниот натпревар го игра на домашен терен против Гросшвалтат.

























