Tомислав Јагуриновски на долга пауза!

Десниот бек Томислав Јагуриновски ќе почека долго време за дебито на официјален натпревар во новиот клуб Десау.

Тој се повреди на пријателски натпревар, но од клубот тогаш пред десетина дена објавија дека се работи за незгоден пад на грбот.

„Десниот бек падна незгодно на грбот по судир со противнички ракометар и не е подготвен за тренинзи. Колку ќе биде паузата останува нејасно“, објавија тогаш од Десау.

Во новите објави сепак се открива дека ќе биде долга пауза, но без конкретни информации за каква повреда се работи.

На почетокот на септември почнува Втората Бундес лига, а Десау има голем предизвик и во Купот на Германија, каде ќе се соочи со Магдебург.

Ова е нова главоболка за селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров. Претходно и Милан Лазаревски правеше операција и ќе се враќа на теренот во декември, а во рехабилитациски период се Марко Митев и Никола Костески.