Македонскиот стратег Томе Петрески не е повеќе тренер на машкиот француски тим Јере Олимпик. Петрески беше на клупата на овој клуб две сезони, откако претходно ги водеше машкиот Ла Кро и женскиот Кан.
Некогашниот македонски репрезентативец, а сега успешен тренер пред да се врати во Франција работеше во Македонија.
Беше на клупата на Младост Богданци, Тиквеш, машкиот и женскиот Пелистер, потоа Прилеп од неговиот роден град…
Во играчката кариера ги носеше дресовите на Пелистер, некогашниот ТК Бренд, Пролетер Зрењанин, италијанската Болоња, потоа француските Вилфранш, Данкерк и ПСЖ.
Освен француските и македонските тимови, Петрески во тренерската кариера работеше и во Косово, Мароко и Бахреин.