Еден од најдобрите млади ракометари на Франција, Мелвин Ричардсон го прилече своето внимание во последните две сезони, па веќе на големо се зборува за неговата иднина и клубот во кој ќе игра од следната сезона.
Ракометарот на Монпелје, кој е син на една од најголемите легенди на ракометот не само во Франција, туку и во светот, Џексон Ричардсон е на мета на повеќе клубови.
Иако се зборуваше дека најблизу до неговите услуги е тимот на Барселона, сепак, нема да биде така лесно бидејќи Каталонците добиваат конкуренција.
„Мојот избор сè уште не е направен. Постојат неколку големи клубови со кои преговарам, но рано е да ја објавам мојата одлука“, вели Мелвин Ричардсон.
За неговите услуги покрај Барселона сега се заинтересирани и Веспрем, Келце и Рајн Некар, па останува да се види кој клуб ќе успее да го добие во своите редови и да добие квалитетно засилување на позицијата десен бек. Покрај тоа одлично се снаоѓа и како центар иако бие со левата рака.