Toмаш Гебала конечно се врати на терените

Ракометарот на Келце Томаш Гебала се врати на терените после долга пауза.

Гебала играше одлично за Келце есента и беше столб на одбраната, но сепак се соочи со повреда која долго време го одалечи од терените. После завршувањето на натпреварите во 2021 година на Гебала му беше направена операција на коленото со што започна со рехабилитација.

Во натпреварот против Пјотрковианин тој конечно се врати на терените и одигра 15-тина минути. Гебала призна после натпреварот дека ситуацијата со коленото сепак не е совршена.

„Нема преголеми болки, но потребно е време. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Морам да одам бавно и чекор по чекор. Во овој момент не ми е најважно само да играм натпревари, сакам тоа да го правам најдобро што знам. Кога ќе почувствувам дека се е во ред, енма да се плашам да дадам се од себе“, изјави Гебала.