Младинската титула во Автокоманда, Николовски нај-голман, Тевдовски е МВП

Екипата на Еурофарм Пелистер не успеа да го освои златото на младинското првенство, откако „витамините“ од Автокоманда беа подобри со 32-22.

На паузата момците на Миле Бочкаровски водеа со 17-8 и во второто полувреме немаше шанси за камбек во мечот.

Третото место го освои екипата на Бутел Скопје, која славеше во пресметката против „сино-белите“ од Автокоманда.

За најдобар голман беше избран Ѓорѓи Николовски од шампионскиот тим, кој имаше одлична партија во финалето, нај стрелец беше Антонио Наковски од „сино-белиот“ тим од Автокоманда, додека за МВП беше избран Матеј Тевдовски од редовите на шампионот.