Новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 има нов десен бек за сезоната 2025/26. Клубот ја следи својата стратегија млади македонски ракометари да го сочинуваат костурот на тимот.
Во тој правец денес потпиша договор на четири години со еден од најголемите таленти на својата позиција во нашата земја.
Илија Илијевски се обрвза на соработка во битолскиот клуб до јуни 2029 година. Се работи за 15-годишно момче, веќе високо 202 сантиметри, со огромен простор за напредок. Во Битола доаѓа од неговиот матичен клуб Вардар Неготино.
Новиот „џин“ во ростерот на Еурофарм Пелистер 2 ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26.
Претходно Еурофарм Пелистер 2 го засилија младинските репрезентативци Славчо Шулески и Јован Даневски, како и францускиот десен бек Баптист Одифред