Н’Гесан заврши со Франција!

Еден од најдобрите репрезентативци на Франција, Тимоти Н’Гесан, кој е актуелен член на каталонскиот гигант Барсеона, одлучи да се повлече од репрезентацијата и во иднина ќе се посвети само на настапите на клупско ниво.

Искусниот ракометар веќе го информирал селекторот на Франција, Гијом Жил, дека нема да настапува за репрезентацијата. Левиот бек има 32 години и сигурно на клупско ниво ќе игра уште неколку сезони.

32-годишниот Н’Гесан со „триколорите“  освои олимписко злато во Токио (2020) и сребро во Бразил (2016). Во својата колекција медали има и злато од Мундијалот во 2017 година, односно бронза од Мундијалот две години подоцна.

Членот на Барселона со Франција го освојуваше златото на Европското првенство 2024, како и бронзениот медал на континенталниот собир во 2018 година. За Барселона настапува од сезона 2016/17.

Франција на Светското првенство 2025 за ривали во групната фаза ги има репрезентациите на Катар, Австрија и Алжир, а три од овие репрезентации ќе продолжат во главната фаза во Вараждин, а Франција ќе биде еден од ривалите на Македонија, доколку момците на Кире Лазаров ја минат групата.