Тимот на Вори одигра одлично против Фленсбург, но поискусниот тим ги собра бодовите во Загреб

Екипата предводена од прославениот Игор Вори, Сесвете, одигра одличен натпревар против бундеслигашот Фленбург, кој во хрватската престолнина триумфираше со 32:28.

Фленсбург на полувреме имаше минимална предност oд 15:14, но ниту во вториот дел не можеше да го пронајдат својот ритам, па така во 42 минута беше 22:21 за домашниот тим.

Двете екипи до 50 минута наизменично се менуваа во водство, а избраниците на Вори, при предност од 26:25, во дури три наврати не успеаја да реализираат за плус два, па така Фленсбург во 53 минута дојде до 26:26.

Поискусниот тим го казни неискуството на домаќините, дојде до 29:27 во 56 минута и не дозволи да има сензација. Сесвете се бореше до крај, но во клучните моменти ривалот од Германија беше повеќе пофокусиран и успеа да ја зголеми предноста за конечни четири разлика.

Еден од најдобрите на теренот беше голманот на Сесвете, Филип Периќ, кој натпреварот го заврши со 16 интервенции, а во нападот одлични беа Златко Раужан (седум гола) и Давор Гавриќ (шест гола).

Кај Фленсбург прв стрелец беше Ласе Мелер со седум гола, а го следеа Симон Питлик и Аксер Хорген со гол помалку – шест.

Сесвете во последното коло од групната фаза ќе гостува во Унгарија кај Татабања, која го доби првиот натпревар против хрватскиот тим со четири гола разлика, 31:27.

ГОГ со победата над Горење од 31:21 си го завери пласманот во главната фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Македонскиот вицепрвак Вардар со почеток од 20:30 часот ќе се соочи со исландскиот Валур.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 5. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:
ГОГ – ГОРЕЊЕ 31-21
ГРАНОЉЕРС – ЗАБЖЕ 41-30
ГУМЕРЗБАХ – ФХ 32-24
ПРЕШОВ – ЛИМОЖ 31-34
СЕСВЕТЕ – ФЛЕНСБУРГ 28-32
ИШТАД – КОНЦТАНЦА 38-29
20:45 АДЕМАР – ЛУЦЕРН
20:45 БЕНФИКА – КАДЕТЕН
20:45 СИЛКЕБОРГ – МОНПЕЛЈЕ
20:45 ХОБРИ – БИДАСОА
20:45 КАРВИНА – ТАТАБАЊА
20:45 МЕЛСУНГЕН – ПОРТО
20:45 ТОРЕЛАВЕГА – КИЛ
20:45 ТУЛУЗ – САВЕХОФ
20:45 ВАЛУР – ВАРДАР
20:45 ВОЈВОДИНА – НЕКСЕ