Тимот на Лазаров остана без еден десен бек – се сели во Словенија!

Еден од тимовите од ТОП 4 во македонската Супер лига, „сино-белиот“ тим на Кирил Лазаров, останува без еден од десните бекови за продолжението на сезоната.

Станува збор за Михаил Иваноски, кој според информациите на 24Ракомет ќе се пресели во словенечкиот прволигаш Ајдовшчина.

Иваноски ова лето се врати од позајмицата во српскиот состав Дубочица Лесковац, каде имаше забележителни партии, но не ја доби посакуваната минутажа во Автокоманда, па реши да си ја побара среќата на друго место.

Во преден план кај Лазаров беа Велковски и Серафимов, па Иваноски играше само на неколку меча против послабите противници.

Иваноски потекнува од Охрид, играше за Голден Арт, како и двата тима од Автокоманда, а имаше интернационално искуство во Србија.

Сега во продолжение од сезоната ќе соработува со македонскиот стратег Раде Стојановиќ во Словенија, откако заедно беа дел и од Охрид своевремено.