Тимот на Кирил Лазаров на контроли со Целје, Горење, Слован Љубљана…

Третопласираниот тим од македонското првенство и освојувач на трофејот во ЕХФ Купот, ова лето ќе се подготвува низ Балканот.

По првата фаза во Скопје, „сино-белите“ од Автокоманда ја одработуваат втората фаза од подготовките во Маврово.

Потоа заминуваат на балканска турнеја, каде што ќе ја одработат последната фаза во која ќе се играат пријателски натпревари. Мечот со Целје е закажан за 19 август од 19:00 часот во Велење, додека тестот со словенечкиот шампион Слован Љубљана на Урош Зорман ќе се игра на 21 август од 19:00 часот.

Покрај овие две средби, планирани се уште шест средби против екипи од Словенија, Хрватска и Србија.

Првите официјални натпревари пред стартот на сезоната се од Лигата на Европа, на 31 август од 17:00 часот и на 6 септември во Автокоманда од 19:30 часот.