Еден од најдобрите десни бекови во македонската Супер лига, Ани Обина, ќе продолжи и следната сезона да настапува на исто место.
Амбициозниот Тиквеш и нигерскиот репрезентативец се договорија за продолжување на соработката за уште една сезона.
Иако по одличните игри во есенскиот дел од сезоната, за Обина се интересираа повеќе европски клубови, сепак тој се реши да остане во Кавадарци.
Обина во моментов е повреден, но би требало наскоро да му се стави на располагање на тренерот Раде Стојановиќ за најважните битки во сезоната.
Тој е меѓу најдобрите стрелци во лигата сезонава, а имаше одлични настапи и на Африканското првенство во јануари годинава.