Два лоши периоди во играта, еден во првото и еден во второт полувреме беа причината за поразот на Радовиш на домашен терен од Тиквеш, 23-35 (11-16). За Тиквеш ова е втор триумф сезонава, а шести пораз за Радовиш кој останува последен на табелата.
Од почетните 2-2, домашните дозволија да стигнат до негатива од 4-12 по што веќе беше јасн дека тешко ќе можат да го изненандат гостинот од Кавадарци. Сепак и играчите на Тиквеш малку се опуштија па дозволија резултатот да биде намален на 11-15 во 28 минута.
Го имаа гостите располоеното крило Јован Даневски кој во првиот дел постигна седум од вкупно 11 гола за Тиквеш. Голманите на Тиквеш одбранија и три пенали во овој период од вкупно петте колку што шутираа играчите на Радовиш.
Добрата игра на Радовиш на крајот од првото полувреме, продолжи и во почетните минути на второто, па домашните ракометари најавиј аможен пресврт. Намалија на 17-19, а потоа и 18-20. Имаа напад и за „минус 1“, но откако не реализираа, играта „се сврте“.
Девет минути траеше постот на Радовиш и успешната сериа на Тиквеш, по што гостите зголемија на 27-18 во 49 минута. Тогаш Радовиш конечно погоди, ама веќе беше доцна. Тиквеш лесно го скрши отпорот, па брзо отиде и на двоцифрена предност. На крајот резултатот 35-23 за Тиквеш.