Tиквеш со два порази ја заврши европската авантура

По Бутел Скопје, вториот македонски претставник Тиквеш, е елиминиран во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп со уште еден пораз од турскиот Бешикташ, овојпат во Кавадарци со 23-21.

Кавадарчани не ја искористија одличната партија на голманот Василије Печурица, кој запиша дури 16 одбрани, барем победнички да се простат од Европа, но и на спротивната страна голманот Јаткин запиша исто толку и не дозволи Бешикташ да замине со пораз.

Гостинскиот тренер не ги форсираше интернационалците, но и домашниот стратег им даде шанса на повеќето ракометари од клупата. Домаќините посилни на овој дуел за египетскиот интернационалец Мохамед Ахмед водеа со 6-3, па 8-4, а имаа и шанса за пет плус што не беше искористена. Потоа Бешикташ кој од Истанбул донесе 11 гола залиха, полека започна да се враќа во игра.

Ја преполовија гостите предноста на кавадарчани за 11-9 на паузата. Кон средината на второто полувреме, имаше нов налет на избраниците на Кристијан Грчевски, кои преку Димовски и Коцев обезбедија одново три гола предност, 16-13.

Но наместо уште повеќе да „нагазат“ домашните влегоа во серија грешки беа казнети и искусниот турскиот шампион знаеше како во финишот да го „сврти“ мечот на своја страна и да слави со 23-21.

Покрај Печурица со 16 одбрани, во македонскиот тим шест гола даде Чејовиќ, а потфрли бековската линија која имаше само девет гола од 26 обиди, а беа промашени и три седмереци, па тука треба да се бараат причините за поразот. Во гостинскиот состав седум пати погоди Бабачан.

По елиминациите на Бутел Скопје и Тиквеш, единствен македонски претставник во ЕХФ Европскиот Куп остана само Охрид.