Тиквеш слави – храбриот Бутел промаши пенал за бод во Кавадарци

Ракометарите на Тиквеш ја продолжија победничката серија на четири натпревари во Супер лигата, откако славеа против Бутел Скопје во драматичен меч со 25-24 во последната средба од 11 коло во елитното друштво.

Имаа домаќините плус четири, но прерано се опуштија, Бутел се врати во егал натпревар, на крајот имаше и пенал за бод од Кавадарци, но десниот бек Узунчев не го реализираше и победата остана дома.

Натпреварот беше израмнет особено во првото полувреме, кога домашните имаа во неколку наврати два гола предност, но бутелци секогаш знаеја како да ја анулираат негативата и се вратат во игра.

На паузата Тиквеш имаше само гол предност, 14-13, а кон средината на второто полувреме се разбрани голманот Панов, па кавадарчани успеаја да стигнат до највисоки плус три, 19-16.

Следуваа по неколку промашувања на двете страни пред конечно постот да го прекине пивотот на гостите Михајловиќ. Кавадарчани имаа и плус четири, 21-17, но прерано почнаа со славје, па тоа им се врати како бумеранг.

Трајкоски одбрани два пенали, па неговите соиграчи израмнија на 23-23 преку Субашевски кој се врати по паузата поради повреда, а до крајот остануваа уште пет минути.

Кавадарчани имаа 25-24 и напад, не беше искористен, Бутел организираше акција која заврши со удар од седум метри во последните секунди. Димитар Узунчев биеше над голот и почна домашната радост за двата бода.

Кај Бутел Скопје голманите Трајкоски и Стојаноски комбинираа осум одбрани, а Субашевски беше најдобар стрелец со пет гола. Во Тиквеш се истакна голманот Панов со девет одбрани, а Коцев постигна осум погодоци во гостинската мрежа.

Во следното коло Бутел Скопје му гостува на Еурофарм Пелистер, додека Тиквеш ќе игра на домашен терен со Пролет.