Тимот на Тиквеш полека го склопува играчкиот мозаик за претстојната сезона во Супер лигата и ЕХФ Европскиот Куп.
По Богдан Мијушковиќ и Петар Цветковски, кои последни му се приклучија на тимот, кавадарчани се на добар пат да обезбедат уште едно засилување.
Станува збор за десното крило Балша Чејовиќ, некогашен играч на Охрид, кој последно беше дел од Слобода Тузла.
Тој настапи на Струшкиот турнир, а дали ќе остане во кавадаречкиот клуб допрва ќе биде познато.
Чејовиќ има 26 години, а покрај за матичниот Морнар Бар, играше за грчките ПАОК и Диомидис Аргус, како и шпанскиот Бенидорм.