Кавадаречки Тиквеш го засилува ростерот пред стартот на новите предизвици во домашното првенство и во ЕХФ Европскиот Куп.
Најново име во „Јасмин“ е кружниот напаѓач Јан Тајник, словенечки интернационалец кој доаѓа од францускиот Дижон.
Тајник има 28 години, потекнува од Словењ Градец, играше за Горење Велење, па за Словењ Градец повторно, пред да ја почне интернационалната кариера.
Беше дел од австрискиот Линц, Диферданж од Луксембург, па настапуваше за словенечката Добова и минатата сезона ја мина во Дижон. Јан Тајник е брат на средниот бек на Еурофарм Пелистер, Домен Тајник.
Тиквеш ги има на располагање Гиорги Гришикашвили, Александар Симоновски, а тренерот Грчевски го користеше Томче Стојановски на оваа позиција.