Екипата на Тиквеш 2014 запиша важна победа во 9. коло од Супер машката лига, совладувајќи го Прилеп со резултат 24-21 (14-11) во салата „Јасмин“ во Кавадарци. Со новите бодови Тиквеш сега има 8 бода, само еден помалку од Пролет кој е на 6 место на табелата, кое води во плејофот.
Тиквеш го отвори натпреварот моќно, со цврста одбрана и прецизна реализација во нападот. Од самиот почеток кавадарчани ја наметнаа својата игра и брзо се одлепија на неколку гола разлика, одржувајќи сигурна предност до полувремето (14-11).
Во второто полувреме продолжи стабилната игра на избраниците на Кристијан Грчевски кои не дозволија противникот да се врати во натпреварот. Прилепци се обидоа со неколку серија, но Тиквеш секогаш имаше одговор и на крајот заслужено ги освои бодовите. Единствено Прилеп успеа да намали на 17-15 во 37 моинута, како последен обид да направи пресврт.
Најефикасни кај Тиквеш беа Богдан Мијушковиќ со 5 голови од 5 обиди, Балша Цејовиќ и Мартин Димовски со по 4 погодоци, додека Магди Ахмед реализираше 3 пати. Сите покажаа висока реализација, а особено се истакна тимската игра во нападот.
Кај Прилеп најрасположен беше Димитар Димитриоски, кој постигна дури 8 голови, а добро го следеше Владaн Кастратовиќ со 4 погодоци, додека Томислав Квастек додаде уште 3.

























