Тиквеш остана без еден странец!

Тимот на Тиквеш од Кавадарци во продолжение од сезоната ќе го нема на располагање еден од интернационалците.

Станува збор за Словенецот Јан Тајник, кој се враќа во татковината и ќе настапува во тамошното првенство.

Тајник дојде од францускиот Дижон во Кавадарци во текот на летото, но крајот траеше неговата авантура во Македонија.

Кавадарчани немаат среќа со странците, бидејќи минатата сезона се откажаа од Украинаецот Данило Осадчиј, пред почетокот на оваа сезона се откажаа од десниот бек од Португалија, Аугусто Аранда.

Во моментов во Тиквеш се Црногорците Балша Чејовиќ, Богдан Мијушковиќ и Василије Печурица, Грузиецот Гиорги Гришикашвили, Египќанецот Мохамед Ахмед и капитенот од Србија, Страхиња Симиќ.