Тиквеш налета на турскиот шампион!

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација се одржа ждрепката за ЕХФ Европскиот Куп и Лигата на Европа во машка и женска конкуренција.

Тимот на Тиквеш за ривал во второто коло го доби турскиот првак Бешикташ и против овој клуб ќе бие битка за место во третата рунда.

Првиот натпревар кавадаречкиот тим ќе го игра на гостински терен, додека реваншот е во Кавадарци.

Првите натпревари од второто коло се закажани за 11/12 октомври, додека вторите дуели ќе се одиграат на 18/19 октомври.

Покрај Тиквеш, македонски претставници во ЕХФ Европскиот Куп се Бутел Скопје и Охрид.