Тиквеш најде замена за Тајник

Тимот на Тиквеш во продолжение на сезоната ќе има нов кружен напаѓач кој доаѓа на местото на Јан Тајник.

Станува збор за Стефан Јовевски кој мина една година во тимот на Пролет и оттаму се сели во Кавадарци.

20-Годишниот пивотмен Јовевски потекнува од школата на Илинден, а во кариерата го носеше и дресот на Бутел Скопје.

Кавадарчани останаа без Словенецот Тајник, а сега неговото место го пополнуваат со млад македонски ракометар.