Амбициозниот тим на Тиквеш по десетина дена подготовки во Кавадарци, замина за Црна Гора каде ќе ја одработи втората фаза од тренинзите.
Тренерот Раде Стојановиќ и неговиот стручен штаб нема да сметаат на десниот бек Ани Обина на овие подготовки, поради неговиот настап на Африканското првенство.
Кавадарчани покрај тренинзите во Бар, ќе одиграат три пријателски натпревари против шампионот Ловќен и против Будуќност.
По враќањето во Кавадарци, ќе биде одигран и пријателски натпревар против составот на Прилеп.
Тимот досега го засили својот ростер со левиот бек од Црна Гора, Спасоје Гачевиќ, а Ангелче Органџиев замина во Прилеп.