Само осум минути траеше периодот во кој Тиквеш се понадева дека може да биде изненадување на дуелот со актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, што „зелените“ го добија со 30-25 (15-12). Ден по тешкиот меч од лигата на шампионите во Битола, гостите играа со сила доволна да се добие мечот. Направија предност, па ги уфрлија оние од клупата. Но, кога видоа дека мора да уфрлат во брзина плус, се си дојде на сво еместо.
Успеаја кавадарчани за осум минути во вториот дел да го израмната резултатот на 18-18. Тогаш Мартин Димовски не реализираше напад з аводство на Еурофарм Пелистер, па Тајник на следната страна зголеми на 19-18. Потоа Ахмед пак погоди за ново реми.
Гостите повторно имаа напад, но Филип Кузмановски шутираше над голот, па Тиквеш доби нова шанса за прво водство. И повторно Мацанковски беше подобар од домашните напаѓачи, бележејќи ја својата трета одбрана на средбата во 43 минута од средбата.
Мораше Рубен Гарабаја да бара тајмаут за да смени нешто, и тоа брзо донесе резултат. Се трудеа домаќините да израмната, па имаа и шанса да поведат, и кога не ги реализираа своите шанси, Еурофарм Пелистер со две акции „избега“ на плус два гола предност, 21-19 во 45 минута.
Сега Тиквеш бараше минута одмор, и после тоа реализираа гол за ново намалување на резултатот. Брзо се менуваа акциите, па гостите имаа шанса да отидат на три гола, но тој удар на Валид заврши во стативата, а она што тој не реализираше Петар Атанасијевиќ го претвори во водство 23-20 во 47 минута.
Не издржаа домаќините да бидат во игра, и техничките грешки и промашувањата ги чинеа нови примени голови, а Еуроофарм Пелистер зголеми на 24-20 во 49 минута. Продолжи серијата на гостите која стигна до 27-20 во 53 минута, и веќе немаше дилеми дека се ќе биде според очекувањата.
Почетокот на мечот кажуваше дека гостите нема да имаат проблеми, бидејќи освен оние 1-1 во 5 минута потоа доминираа „зелените“. Битолчани имаа водство од 10-5 во 18 минута кога домаќините мораа да бараат тајмауат. Но, „петката“ стана седумка кога во Атанасијевиќ зголеми на 13-6,како најава дека лесно ќе се справат во кавадарчани.
Потоа полека предноста на гостите почна да се намалува, и на одмор на полувреме се замина со „минимални“ 15-12 за Еурофарм Пелистер. Темпото што го наметнаа домаќините продолжи и во следниот период искористувајќи ја лошата игра на гостите. Но, кога битолчани видоа дека „нема шега“ запнаа и ги доведоа работите според очекувањата.