Тиквеш го промовира Даниел Андоновски

Тимот на Тиквеш промовираше ново засилување за продолжение од сезоната. Како што најави 24Ракомет, нов играч во кавадаречкиот состав ќе биде Даниел Андоновски.

Младиот охриѓанец доаѓа од српскиот Врање, каде ја почна сезоната, а минатата сезона имаше одлични партии во италијанскиот Трст, неколку пати беше дел од идеалниот тим на колото во тамошниот шампионат.

Средниот бек, кој одлично се снаоѓа и на другите бековски позиции, постигна 92 гола на 16 одиграни натпревари во најквалитетното натпреварување во Италија.

Тој потекнува од Охрид, а освен во матичниот клуб, во Македонија настапуваше и за Вардар Јуниор и Прилеп.

Кавадарчани имаат проблеми со повредите на средните бекови Страхиња Симиќ и Славчо Шулески, па нов играч на бековската позиција добро ќе му дојде на стратегот Кристијан Грчевски.

Андоновски на чекор до трансфер во Тиквеш!