Екипата на Тиквеш фати пак приклучок кон првата шесторка на табелата и пласман во плјеофот, откако освои важни бодови на гостувањето кај Прилеп, 32-28 (15-12).
Со новите бодови тимот од Кавадарци го прескокна Прилеп и сега е на 6. место со седум бода.
За тимот на Кристијан Грчевски ова е само трета победа сезонава, а прилепчани по петти пат заминуваат како поразени. Гостите имаа повеќе расположени ракометари, кои погодуваа, па на крајот дури петмина имаа по пет гола или повеќе на своето конто.
Од самиот почеток Тиквеш имаше водство, и тоа во текот на целиот меч. Прилеп немаше сили да направи пресврт, ниту пак да им се приближи на гостите.
ТАБЕЛА