Тиквеш доби ривал во Европскиот Куп, ќе има македонско-грчки двобој!

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена, беа извлечени двојките за стартните кола од Лигата на Европа и Европскиот Куп.

За ривал во првата рунда во Европскиот Куп, Тиквеш го доби составот на Драма од Грција.

Петтопласираниот тим од Супер лигата, Тиквеш, побара вајлд-карта за учество, ЕХФ одговори позитивно и кавадарчани втора сезона по ред ќе играат во Европа.

Првиот натпревар ќе се игра во Грција на 14/15 септември, додека реваншот е во Македонија на 21/22 септември. Победниците од 10 парови ќе се пласираат во второто коло од третото по ранг европско клупско натпреварување.

Ако тиквеш го мине грчкиот ривал, тогаш во второто коло ќе игра против норвешкиот тим Арендал.

Во машкото издание на Европскиот Куп, покрај Тиквеш, ќе играат уште Охрид и „сино-белите“ од Автокоманда.