Трите противници на машката младинска репрезентација на Македонија на претстојното Европско првенство во Словенија одиграа контролни натпревари.
Македонија два пати ја совлада Грција со 27-19 и 28-24, но и ривалите исто така славеа двојни победи.
Хрватска славеше на гостински терен кај Унгарија со 29-27, додека дома ја победи селекцијата на Словенија со минимални 30-29. Меѓу најдобрите стрелци на двата меча беа Александар Чаприќ, Нико Франговиќ, Јаков Челегрин…па македонската одбрана треба да обрне посебно внимание на овие ракометари.
Австријците исто така остварија две победи и славеа минимално против Словенија со 28-27, а убедливо против Кувајт со 33-24. Кај ривалот на Македонија најмногу се истакнаа Кофлер, Мостл, Хубер, Мелешинг…
За разлика од Хрватска и Австрија, третиот наш ривал Црна Гора запиша три порази од селекцијата на Израел. Избраниците на Драшко Мрваљевиќ загубија со 27-25, 27-24 и 35-23 на третиот контролен натпревар.
ЕП во Целје стартува на 10 јули и ќе трае до 21 јули.