Откако останаа без капитенот Пол Друкс, кој среде сезона беше приморан да ја заврши кариерата, тимот на Фуксе Берлин има уште една причина за загриженост.
Освен поразот од ПСЖ на домашен терен, „лисиците“ го загубија и левото крило Џери Толбринг по овој натпревар.
По три минути игра, шведскиот репрезентативец при еден контранапад заработи повреда и остана да лежи на теренот.
Испитувањата покажаа дека се работи за скинати предни вкрстени лигаменти и за него сезоната е завршена.
Освен Фуксе Берлин, причина за загриженост има и шведскиот селектор Микаел Апелгрен, кој нема да смета на Толбринг за претстојниот Мундијал.