Францускиот Брест официјално соопшти дека десниот бек Ана Вјахирева ќе го напушти клубот по завршувањето на актуелната сезона.
Русинката му се приклучи на Брест пред почетокот на сезоната 2024/25, доаѓајќи од норвешкиот Кристијансанд, а веќе подолго време се шпекулира дека кариерата би можела да ја продолжи во данскиот Оденсе.
Во последните месеци се појавија информации за можни тензии во Брест, меѓу одредени играчи и стручниот штаб, што дополнително ги засили гласините за заминувањето на Вјахирева.
„Сакам да ве информирам дека одлучив да го напуштам клубот на крајот од сезоната. Одлуката беше навистина тешка, но мојот пат ќе продолжи во друг тим. Сепак, работата не е завршена – целосно сум фокусирана на нашите цели. Да ја направиме оваа сезона навистина уникатна!“, изјави Вјахирева.
Претходно Брест Бретањ објави дека на крајот на сезона заминува и предводничката Рафаел Тервел, па францускиот клуб веќе е во потрага по нов тренер.

























