Поранешниот македонски репрезентативец Владимир Темелков продолжува да реди успеси и по крајот на својата играчка кариера. Како тренер на кадетскиот тим на Керженг/Еш во Луксембург, Темелков ја освои шампионската титула, победувајќи го Берхем во финалето на плеј-офот со резултат 33-32.
Трофејот има уште поголема симболика бидејќи доаѓа со клубот во кој ја заврши играчката кариера, по неверојатни 14 сезони настап во Луксембург.
Темелков, роден во Велес, започна со ракомет во Борец, а во 1998 година премина во Пелистер, каде играше до 2003 година.
Потоа следуваше интернационална кариера во Германија, каде настапуваше за клубовите Фулинген, Вилштат Шутервалд, Балинген и Кронау. Последната станица му беше Керженг, клуб кој стана негов втор дом.
Како дел од македонската репрезентација, Темелков ќе остане запаметен по историското 5. место на ЕП во Србија 2012.