Покрај тимот на Тиквеш, Македонија има(ше) уште седуммина претставници во втората рунда во Европскиот Куп.
Голманот Мартин Јовановски со кипарскиот Анортозис требаше да игра двомеч со српската Металопластика, но неговиот тим е суспендиран од Европа поради немирите на навивачите минатата сезона.
Владимир Темелков со Керженг од Луксембург, загуби на домашен терен од Мотор Запорожје со 31-27, а легендарниот македонски ракометар постигна четири погодоци на овој меч.
Дејан Кукуловски со чешкиот тим Брно, иако имаше предност во поголем дел од мечот, сепак загуби на гостувањето кај италијанскиот Фасано со 29-28. Македонскиот лев бек даде еден гол.
Виктор Гигов со грчкиот ПАОК Солун, загубија на гостувањето кај австрискиот Линг со 27-26 и на домашен терен ќе бркаат победа од два гола за главната рунда. Македонскиот голман имаше пет интервенции.
Градимир Чаневски со Макаби Ришон Ле Зион треба(ше) да игра против босанскиот тим Слобода Тузла, ЕХФ ги одложи тие натпревари и многу веројатно нема да се одиграат.
Стефан Христоски не беше во составот на Партизан, кој успеа да одигра реми на гостувањето кај исландскиот Хафнарфјордур, 34-34 и има убава шанса во Белград да се избори за трета рунда.
Владимир Трајкоски, кој е член на косовската Трепча, следниот викенд ќе има двомеч со босанската Вогошча, на гостински терен во Босна и Херцеговина.
Седум екипите веќе обезбедија место во третата рунда – Трогир, Спор Тото, Металопластика, Вестманејар, Брегенц, Валур и ВИФ, додека останатите 25 патници во следното коло ќе бидат познати следниот викенд, кога ќе се одиграат уште четири двомечи.
Европски Куп, 2 коло, резултати:
Тиквеш (Македонија) – Кремс (Австрија) 33-29
Трогир (Хрватска) – Х71 (Фарски Острови) 29-22, 29-22
Кокс (Финска) – Берн (Швајцарија) 25-29
Спор Тото (Турција) – Будуќност (Црна Гора) 31-24, 23-17
Вилјанди (Естонија) – Крка (Словенија) 23-32
Анортозис Фамагуста (Кипар) – Металопластика Шабац (Србија) 0-10, 0-10 сл.
Вестманејар (Исланд) – Диферданж (Луксембург) 34-30, 35-34
Ловосице (Чешка) – Татран Прешов (Словачка) 28-32
Свиеса (Литванија) – Брегенц (Австрија) 23-32, 30-27
Карвина (Чешка) – Фиверс Маргаретен (Австрија) 32-26
Динамо Панчево (Србија) – Волендам (Холандија) 30-33
Полва Сервити (Естонија) – Валур (Исланд) 29-32, 28-39
Сасари (Италија) – Олимпијакос (Грција) 24-31
ЕШ (Луксембург) – ВИФ (Фарски Острови) 30-31, 28-30
Фасано (Италија) – Брно (Чешка) 29-28
БК46 (Финска) – Хапоел Холон (Израел) одл.
Керженг (Луксембург) – Мотор Запорожје (Украина) 27-31
Леотар (Босна и Херцеговина) – Тенакс Добеле (Летонија) 24-22
Линц (Австрија) – ПАОК (Грција) 27-26
Бохолт (Белгија) – Драгунас Клаипеда (Литванија) 32-27
Хафнарфјордур (Исланд) – Партизан (Србија) 34-34
Макаби Ришон Ле Зион (Израел) – Слобода Тузла (Босна и Херцеговина) одл.
Сесвете (Хрватска) – Кур (Азербејџан) 30-15
Стеауа Букурешт (Романија) – Хапоел Ашдод (Израел) одл.
Бејкоз (Турција) – Визе (Белгија) 31-29
Нербо (Норвешка) – Афтурелдинг (Исланд) 27-22
Рунар Сандефјорд (Норвешка) – Сакарија (Турција) 42-29
Беса (Косово) – Бешикташ (Турција) 24-43