Десното крило Евгениј Темелкоски, кој е меѓу најдобрите стрелци во Тиквеш и меѓу најдобрите во суперлигашката конкуренција, ќе има нов предизвик од лето.
Прилепчанецот е во преговори со грчкиот ПАОК и би требало да се пресели во блискиот Солун од наредната сезона, дознава 24Ракомет.
Темелкоски четири сезони е дел од кавадаречки Тиквеш, а претходно освен за матичниот Прилеп, настапуваше за Работнички и Голден Арт.
Во штотуку завршената сезона во грчкиот ПАОК настапуваа двајца Македонци – Виктор Гигов и Дарко Георгиевски.