Темелкоски ефикасен, ПАОК со прв триумф во Грција

Тимот на ПАОК Солун, каде што настапува македонскиот интернационалец Евгениј Темелкоски, запиша прв триумф во грчкиот шампионат.

По поразот од Олимпијакос во првото коло, ПАОК славеше на гостински терен кај незгодниот Диомидис Аргус со 29-22 во втората рунда.

Темелкоски беше меѓу најдобрите поединци во победничкиот тим со пет гола, а играч на мечот беше голманот Игор Арсиќ (екс Пелистер, Работник, Тиквеш) со 14 одбрани.

Во следното коло од грчкото првенство Темелковски и ПАОК ќе се соочат со екипата на Врисилија на домашен терен.