Темелкоски ефикасен, ПАОК обезбеди четвртфинале на грчкиот Куп

Тимот на ПАОК, каде што игра македонскиот интернационалец Евгениј Темелкоски, обезбеди место во четвртфиналето на Купот на Грција.

ПАОК славеше на гостински терен кај составот на Арис со 34-25, откако и на паузата имаше водство од 15-10.

Десното крило успеа да постигне три погодоци во домашната мрежа, а екс пелистерецот Мамду даде два гола.

Темелкоски и ПАОК Солун во четвртфиналето од Купот на Грција што ќе се игра наредниот викенд ќе се сретне со силниот АЕК Атина.