Текстилец со победнички крај, Партизан му даде 42 гола на Аеродром

Ракометарите на Текстилец го заврши прволигашкиот плеј-аут со триумф над Астраион со убедливи 40-28.

Јован Величков со десет и Филип Џинес со девет погодоци го водеа штипскиот тим, а кај струмичани се истакнаа Марко Стојанов и Христијан Ефтимов со по седум гола.

Партизан Гевгелија славеше против Аеродром со 42-26, а победата ја најави уште по првиот дел кога беше 20-12.

По седум гола во гевгелискиот тим дадоа Ашовалиев, Радински и Савов, додека за Аеродром пет погодоци даде Симоновски.

На табелата, Партизан е прв со 16 бодови, а по 11 бодови имаат Шампион и Текстилец.