Текстилец од минус 11 стигна до реми, но на крајот славеше Јехона

Екипата на Јехона ја оствари петтата победа во Првата лига и се искачи на делба на петтото место на табелата со десет бода.

Гостиварчани на домашен терен беа подобри од штипски Текстилец во интересен натпревар со 38-36.

Иако домаќините имаа плус пет на пауза 18-13, а во вториот дел водеа и со 11 голови разлика, 29-18, дозволија штипјани да се вратат во егал, 34-34 и да го направат финишот драматичен.

Сепак наместо завршен чекор од камбекот, Јехона погодуваше кога најмногу требаше и на крајот бодовите останаа во Гостивар.