Екипата на Текстилец пружи силен отпор против „витамините“ од Автокоманда, кои сепак имаа подобар финиш и ги освоија бодовите во Штип, 33-28.
Иако домаќините парираа педесетина минути и беа на минус еден, сепак не успеаја до крај да го изненадат фаворитот, но покажаа дека сезонава ќе бидат тврд орев за сите.
Одличните Јован Атанасовски и Филип Џинес, со 11 односно шест гола го предводеа штипскиот тим кој во првиот на два пати се враќаше од негатива и успеваше да поведе.
Христијан Ѓурмешевиќ и Бобан Поповски кога најмногу требаше во последните десетина минути беа прецизни, гостите отидоа на плус пет, 31-26 и веќе немаше време за домашните да сторат нешто повеќе.
Сега „витамините“ се на второто место со 18 бодови, зад лидерот Младост Богданци со 20, а пред Драчево Јуниор и Вардар Неготино кои имаат по 16 бода.
























