На Олимписките игри за Германија ќе настапи и левиот бек од Ајзенах, Марко Гргиќ, кој има 20 години.
Селекторот Гисласон го смести во финалниот список и Гргиќ на изненадување на многумина, бидејќи тој дебитираше за сениорскиот тим во мај, но нема настапи на официјални натпревари.
Марко е син на Данијел Гргиќ, поранешен хрватски репрезентативец кој забележа 26 настапи за „коцкестите“.
Иако таткото играше за Хрватска, синот сепак ќе игра за Германија. Минатото лето Гргиќ беше планиран на младинското СП за настап за Хрватска, но не го прифати повикот, а оваа година во мај дебитираше за „панцирите“.
Неговиот татко играше на позицијата кружен напаѓач, а играше за Загреб, Медвешчак, како и низа германски клубови, меѓу кои и Ајзенах, каде во моментов игра и Марко.