Тимот на Дорнбирн, каде што настапува македонската интернационалка Марија Тасевска е многу блиску до камбек во елитната конкуренција во Австрија.
Во плеј-офот за ранг погоре, Дорнбирн славеше кај Егенбург со 28-26, откако и на полувремето водеше со 17-12.
Maкедонската интернационалка беше меѓу најдобрите стрелци во победничкиот тим и успеа да постигне пет погодоци.
Дорнбирн сега е прв на табелата со 17 бода, пред Егенбург кој има 16 но и меч повеќе. До крајот на сезоната Тасевска и нејзиниот клуб ќе одиграат два пати против Фунфхаус и против Грац.